Официјална Москва објави ново видео од ракетата „Авангард“, која наводно може да лета 27 пати побрзо од брзината на звукот.
Видеото наводно е снимено во воен комплекс во регионот Оренбург.
Според Москва, проектилот, кој лета со брзина од 32.000 километри на час, ќе може да ја напушти атмосферата на Земјата пред да погоди која било цел во светот за помалку од 30 минути.
На видеото се гледа како ракетата полека се поставува на фрлачот откако колона вооружени возила ја транспортира до местото за лансирање. Исто така, може да се види дека „Авангард“ била поставена исправено пред да биде лансирана, а целото видео можете да го погледнете ОВДЕ.
Потоа, анимацијата ги прикажува можностите на ракетата. Може да се види како се врти околу воените бродови во океанот и брзо избегнува одбранбени проектили истрелани кон нејзе.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека ракетата „Авангард“ – „удира како метеорит“ и дека ниту еден одбранбен систем не може да ја спречи.
„Ракетата е неповредлива за пресретнување на какви било постоечки и ветувачки средства за противракетна одбрана на потенцијалниот противник“, изјави претходно Владимир Путин.
Последното видео од ракетата „Авангард“ доаѓа само неколку недели откако украинското разузнавање соопшти дека двата големи руски ракетни тестови со нуклеарно вооружување тргнале наопаку.
На 1. ноември, руските сили, наводно, извршиле неуспешно тестирање на интерконтиненталната балистичка ракета RS-24, која е главен елемент на копнената компонента на руските стратешки нуклеарни сили.
„Ракетата слета надвор од курсот како и при претходните командно-контролни вежби. Пробното лансирање на балистичката ракета RSM-56 од ракетна подморница на 25. октомври 2023 година, исто така, беше неуспешно“, соопшти главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина.