Анџелина Бреженскаја ја освои титулата Мис Москва 2023 година, а во видео споделено на социјалните мрежи го покажа своето знаење од географијата каде што ја прогласи Босна и Херцеговина за главен град на Романија.
Бреженскаја гостувала во една емисија, а водителот решил да и го тестира знаењата од географијата.
Тој ја прашал: „Дали само глупави девојки учествуваат на натпревари за убавина?“, а таа му одговорила: „Не, секако дека не“.
Потоа праша: „Ти си интелектуалка, колку што можев да разберам?“, мислејќи на нејзината диплома, бидејќи студирала на Факултетот за новинарство на Московскиот државен универзитет.
„Не знам, не е мое да судам“, одговорила таа, а водителот потоа решил да и го провери знаењето.
Кој е главниот град на Романија?“, ја праша.
Сакав да кажам, Босна и Херцеговина ли е?“, самоуверено одговори таа.
„Апсолутно точно. Главен град на Романија е Босна и Херцеговина. Ревидирајте ги учебниците“, иронично рекол водителот.
Мисица прашала дали тоа не е точниот одговор, а водителот и рекол: „Секако дека не. Ти ја спомна државата“.
Анџелина за време на изборите изјавила дека нејзината цел е да биде пример за помладата генерација, а нејзината победа на изборот за мис ја одбележаа контроверзии.
Бреженскаја по освојувањето на титулата беше жестоко критикувана поради „променетиот изглед“, а очигледно е дека нејзината убавина не е природна, што беше токму причината за критиките.