ВИДЕО | РУСКИ ТЕНК ВЛЕТАЛ НА ПЛАЖА! Луѓето во шок панично бегале од мирното место за одмор: “Без предупредување, испушташе силна смрдеа…“

Локалните жители во рускиот град Тјумен се вознемириле кога тенк влетал на плажа, каде тие се сончале и сакале да се разладат во Андрејевското Езеро.

Температурите во тој руски град последните денови беа значително повисоки од 30 степени, па мештаните заминале освежување во блиското езеро. Меѓутоа, мирниот летен ден ненадејно го прекинал тенк Т-72 на руската Армија, кој два пати без застанување влетал меѓу луѓето.

Според извештаите на локалните медиуми, во близина на дивата плажа на Андрејевското Езеро има воен полигон во сопственост на Министерството за одбрана на Русија.

Сепак, доаѓањето на тенкот Т-72 и неговото маневрирање меѓу капачите налути многумина.

Локалните жители рекоа дека со години доаѓаат на брегот на езерото за да се сончаат, но пред неколку дена војниците од инженерското училиште ископале неколку тунели и патеки околу езерото за нивните вежби.

Дојдовме на плажа во 11 часот наутро, се сончавме и пливавме, а потоа без предупредување помина тенк со голема брзина. Насекаде имаше пареа, чад и силна смрдеа на гориво“, изјавил еден очевидец за руските медиуми.

Од военото училиште, пак, тврдат дека тоа подрачје е забрането за собирање цивили.

Ништо не се случи. Ова е територија на Министерството за одбрана и е забрането да се собираат цивили и да се капат на тоа подрачје. Целото подрачје е ископано. Ова е наш полигон. Тенкот едноставно излезе од шумата, сврте и се врати назад, тоа е се. Никој никому не се закануваше“, стои во соопштението.

Андрејевско ЕзероплажаРусијатенк