Само три дена по добивањето на титулата Гинисов рекорд, почина највисокото куче на светот.
На тригодишниот германски Данец Кевин ненадејно му се слошило, поради што бил опериран, соопшти неговото семејство.
“Семејството е уништено за Кевин. Тој беше најдоброто џиновско момче”, изјавила сопственичката на Кевин, Трејси Волф.
Кевин живеел во Вест Де Моинс, во американската држава Ајдахо. Титулата за највисоко куче ја освои со своите 111 сантиметри. Кога би застанал на задните нозе, неговата висина би достигнала неверојатни 215 сантиметри.
Титулата за највисоко куче ја наследил од великодонецот Зевс, кој почина во септември минатата година, исто така на тригодишна возраст.