ВИДЕО | “Секунди до смрт!“ – Дрон снимил грозоморна сцена во Бахмут: Украинците забележале колона руски возила, а потоа следела крвава одмазда – погледнете

Украинските воени сили се пофалија со видео на кое се гледа како тие уништуваат руски возила на улиците на разурнатиот град Бахмут.

На видеото снимено од украинско извидувачки дрон се гледа како две возила наводно кои припаѓаат на руските воени сили се во пламен.

Припадниците на 93-та оклопна механизирана бригада набљудувале возила на руските окупаторски сили кои превезувале гориво и војници во Бахмут. Во артилериски напад уништени се цистерната и возилото со воениот персонал“, јавуваат украинските медиуми.

Засега не се знае точно кога е направена снимката.

Сепак, видеото покажува како изгледа Бахмут, кој беше сцена на најкрвавата битка од почетокот на конфликтот во Украина. Градот, кој пред војната имаше околу 80.000 жители, беше речиси целосно срамнет со земја.

За потсетување, на 20. мај, Евгениј Пригожин, основачот на приватната руска воена група Вагнер, прогласи победа во Бахмут.

На видеото објавено на социјалната мрежа Телеграм се гледа како Евгениј Пригожин, опкружен со членови на Вагнер, држи руско знаме на кое е испишан датумот.

Според руските медиуми, битката траела 224 дена.

БахмутвојнаРусијаУкраина