Ако мислевте дека „никнуваат нови згради“ само во вашето подрачје, се лажете. Светските медиуми наголемо пишуваат за семејство кое живее во Австралија, во близина на градот Сиднеј. Семејството има голем имот, а проблемот е што покрај новите згради односно куќи кои се изградени наоколу, архитектонскиот стил не се вклопува со останатите.
Тоа е мало гратче наречено Квекерс Хил, а семејството Замит живее на имот од два хектари веќе 17 години. Со текот на времето, околу нивната куќа била изградена модерна населба, па сега оваа семејна куќа и имот изгледаат како „Централ Парк“ во Њујорк. Реј Вајт, локален агент за недвижнини, истакнал дека семејството добивал висока цена за овој имот. Државата на семејството им понудила 50 милиони австралиски долари или 30 милиони евра, но тие не сакаат ни да слушнат за продажба.
„Некогаш ова беше земјоделско земјиште со мали куќички и куќички направени од црвени тули. Секој дом беше уникатен, имаше многу простор, а сега сè е пренатрупано“, изјавил за медиумите Дајан Замит, која се преселила на ова место пред 17 години. Нивната одлука да не го продадат имотот ги воодушевило нивните соседи, а тие добиваат само пофални зборови бидејќи, како што велат соседите – „успеале да одолеат на сите понуди на агентите и останале на нивната парцела и покрај огромните пари“.
„Многу семејства во оваа област ги продадоа своите куќи во изминатите десет години. На имотот на ова семејство може да се изградат 50 нови куќи, така што е сосема јасно зошто агенциите за недвижности се многу заинтересирани за ова парче од рајот“, посочил еден од агентите за недвижности од ова место за тамошните медиуми.
Во видеото погледнете ја приказната за ова семејство и нивниот имот.