Прославениот Шпанец Серхио Рамос ги разнесе навивачите на своето второ деби за Севиља.
Клубот од Андалузија ја оствари првата победа сезонава, совладувајќи го Лас Палмас со 1:0.
Натпреварот го одбележа искусниот дефанзивец Серхио Рамос, кој по речиси две децении повторно играше во дресот на Севиља. Легендарниот Шпанец на најдобар можен начин им се претстави на навивачите.
При резултат 0:0 со неверојатни акробации спречи чист гол на ривалот.
По одбраната на голманот, топката се одби до фудбалер на Лас Палмас, кој веднаш упати нов удар кон голот. Голманот немаше време за нова интервенција, па на сцена стапи самопожртвуваниот Серхио Рамос. Со рацете на грб се фрли и на спектакуларен начин го запре ударот на противникот. Тоа беше дефинитивно еден од најдобрите потези во кариерата на искусниот стопер.
Погледнете го одличниот потег на Серхио Рамос ОВДЕ.