Веруваме дека љубителите на четири тркала, особено на егзотичните, не гледаат љубезно на оваа сцена
Во ерата на социјалните медиуми, инфлуенсерите и креаторите на содржини сакаат да ги изненадат/шокираат корисниците, па често ги поместуваат границите.
Тие се подготвени да изведуваат разни подвизи и акробации, а едно такво видео веќе некое време кружи на интернет.
Прво беше објавено на Редит и прикажува девојка како се качува на покривот на скапо Ламборџини и почнува да танцува.
Веруваме дека љубителите на четири тркала, особено на егзотичните, не гледаат љубезно на оваа сцена.
Изгледа дека и самата е шокирана/затечена од последиците, но не престанува да се смее и да танцува, пренесува NDTV .
„Што луѓето нема да прават за лајкови и кликови“, напишал еден корисник.
Времето и местото каде што е снимена снимката не се откриени, а претпоставуваме дека сопственикот морал да издвоил многу пари за да ja поправи шофершајбната.