Светлината на денот ја виде снимката од моментот кога Новак Ѓоковиќ на камерата со маркер напиша: „Косово е срцето на Србија! Стоп за насилството“.
Досега во јавноста се појавуваа само фотографии, а сега излезе видео од тој момент.
Она што сите го коментираат е широката насмевка на Новак Ѓоковиќ додека ја пишувал пораката.
Сето тоа можете да го видите на видеото кое беше емитувано на австралиската телевизија:
Поради потегот на Србинот, следеа различни реакции, иако според самиот тенисер неговата цел била само да повика на мир.