ВИДЕО | Се појави снимка од апсењето на малолетникот кој направи невиден масакар во Белград – уби 8 ученици, чувар и наставничка а полицијата вака го собори на земја!

На социјалните мрежи се појави видео од апсењето на ученикот кој изутрината пукаше и предизвика вистински масакар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, Србија.

Во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, во раните утрински часови се случи голем крвав настан кога момче, ученик од седмо одделение, извади пиштол и ги застрела чуварот, наставничката по историја и присутните ученици.

Белград, Србија

Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија пристигнале на местото на злосторството и го привеле осомничениот кој, како што се сомнева, испукал неколку истрели од пиштолот на неговиот татко во правец на учениците и обезбедувањето на ова училиште.

приведувањето на Коста К. (14 г.)
приведувањето на Коста К. (14 г.)

На социјалните мрежи сега се појави видео од апсењето на 14-годишното момче. На социјалната мрежа Инстаграм на профилот со име – „moj_beo_grad_“ се појави видео од прозорецот на една од училниците на кое се гледа апсењето на момчето кое ја зави соседна Србија во црно.

На видеото се гледа како полицијата го опколува малолетникот осомничен за ова дело, го соборува на земја и го приведува.

Според досегашните информации од соседните медиуми момчето уби осум ученици, чуварот и наставничка.

Видеото од приведувањето на Коста К. (14 г.) можете да го погледнете ОВДЕ.

БелградсмртСрбијаубиство