Теодора Џехверовиќ реши да се пошегува со своите следбеници, па одговори на коментарите кои кажуваат дека таа „секогаш е гола“.
Младата и атрактивна српска пејачка Теодора Џехверовиќ веќе неколку дена ужива во шармот на Сејшелите, а одморот неодамна за момент и го „расипа“ мала драма, односно конфликт во која влезе со нејзините следбеници на социјалната мрежа Тик Ток.
Проблемот настанал поради кражба на мелодија од песната на Теодора, а пејачката брзо го решила проблемот и им се врати на активностите. Нејзиниот Инстаграм профил со денови е исполнет со разголени фотографии и видеа на кои е зумиран секој дел од телото, а сега таа се пошегува на тоа. Бидејќи многумина ја прозиваа и и пишуваа дека е секогаш гола, таа реши да одговори на тоа.
Таа објави видео во кое облече „планина“ од облека и напиша: „За сите што ми пишуваат дека сум гола цело време. Жал ми е што немав скафандер да облечам“, погледнете го видеото ОВДЕ.