Еден човек загина по авионска несреќа во округот Хол, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Хол.
Имено, како што пренесуваат американските медиуми, авионот се урнал вчера околу 17:15 часот по локално време на паркингот на одморалиштето „Езерски острови – Ланиер“ во Џорџија.
Човекот кој загинал бил единствениот во авионот, а како што е соопштено, при падот на авионот немало други жртви.
Канцеларијата на шерифот на округот Хол ја идентификуваше жртвата како Хауард Ли Џо (60 г.).
Според FlightAware, авионот полетал околу 15 минути пред падот, пренесоа американските медиуми.