Атлантскиот, Тихиот, Индискиот, Арктикот и Јужниот Океан имаат монопол на водениот дел на нашата планета околу четири милиони години, поради што се чини малку веројатно дека Земјата ќе добие нов океан. Сепак, научниците открија дека неговото формирање е веќе во тек и дека ќе ја распарчи Африка на два дела.
Истражувачите открија дека двете копнени маси кои го сочинуваат вториот по големина и втор најнаселен континент на светот, почнале да се одвојуваат, правејќи пат за цел нов океан да помине низ јазот.
Земјите како Замбија и Уганда еден ден би можеле да имаат свое крајбрежје доколку копното продолжи да се раздвојува. Според угледното списание Geophysical Research Letters, геолозите успеале да потврдат дека се создава нов океан додека африканскиот континент се дели на половина.
Научниците успеаја да го пронајдат точното место каде, многу длабоко под земја, за прв пат се отвори континент со површина од над 30 милиони квадратни километри, пишува Unilad.com.
Пукнатината се наоѓа на границите на три тектонски плочи кои веќе некое време постепено се оддалечуваат една од друга. Геолозите посочија дека овој комплексен тектонски процес ќе отвори место за целосно ново водно тело милиони години од сега.