ВИДЕО | Се шири драматична снимка од концертот на кој се случи голема трагедија: Тејлор Свифт го моли обезбедувањето да помогнат

23-годишна обожавателка на Тејлор Свифт по име Ана Клара Беневидес, почина на нејзиниот концерт во Рио де Жанеиро, Бразил.

Девојчето ненадејно колабирало на стадионот „Олимпико Нилтон Сантос“, а докторите кои случајно се нашле на лице место се обиделе да ја реанимираат. Таа била префрлена во градската болница „Салгадо Фиљо“, но не можела да биде спасена.

Бразилските медиуми пишуваат дека на денот на концертот во Рио де Жанеиро било повеќе од 38 Целзиусови степени, додека на самиот стадион температурата достигнала 60 степени, а на концертот било забрането да се носи вода.

Порталот Fohla De Sao Paolo наведува и дека пожарникарите на стадионот имале многу работа односно им помогнале на повеќе од 1.000 други обожаватели кои се онесвестиле поради жештината.

По веста за трагедијата, на социјалните мрежи се прошири видео на кое Тејлор Свифт го моли обезбедувањето на стадионот да и дадат вода на публиката.

@swifthazed13

MULTIPLE fans passed out during tonight’s show a 23 year old girl lost her life today because of the heat and exhaustion. water bottles were not allowed and the ones inside the stadium were so expensive. this should never have happened and it could have easily been avoided. RIP Ana. #taylorswift #theerastour #tstheerastour #erastour #swiftie #swifttok

♬ original sound – swifthazed13🪩⭐️

Тејлор Свифт неколку пати го замоли обезбедувањето да им дадат вода на обожавателите, а тие ја игнорираа, па таа сама го направи тоа за време на концертот“, стои во описот на видеото кое кружи на социјалните мрежи, а на кое може да се види како пејачката фрла шишиња со вода во публиката и вика: „Вода, вода!“.

На луѓето овде им треба вода. Кој и да е одговорен, погрижете се тоа да се случи“, вели Тејлор Свифт во видеото.

Тејлор Свифт по трагичниот настан се огласи на социјалната мрежа Инстаграм.

Не можам да верувам дека ги пишувам овие зборови, но со скршено срце можам да кажам дека изгубив обожавател вечерва на мојот концерт. Не можам ни да ви кажам колку сум уништена. Немам многу информации други отколку фактот дека тоа беше многу убава и премногу млада девојка. Срцево ми е скршено. Моето срце е со нејзиното семејство и пријателите. Ова е последното нешто што мислев дека ќе се случи кога решив да настапам во Бразил како дел од турнејата“, напиша Тејлор Свифт.

Тејлор Свифт има уште два закажани концерти во Рио де Жанеиро, в сабота и недела навечер, а на нив истакна дека нема да зборува за смртта на обожавателка, бидејќи ја обзема тага.

БразилконцертРио де ЖанеиросмртТејлор Свифт