Според сеизмолозите, епицентарот на земјотресот, регистриран во 18 часот и 8 минути, бил на длабочина од 7,2 километри во областа Селчуклу.
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди во вторник централната турска провинција Коња, 500 километри југоисточно од Измир, објави Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), јавуваат турските медиуми.
Според сеизмолозите, епицентарот на земјотресот, регистриран во 18 часот и 8 минути, бил на длабочина од 7,2 километри во регионот Селчуклу, додека бил почувствуван во различни делови на покраината.
Засега нема извештаи за повредени или жртви, но на видео снимките објавени на интернет се гледа дека жителите во паника бегаат од своите домови по земјотресот.
Минатата недела јужната провинција Адана беше потресена од земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, кој беше почувствуван во центарот на градот и околината, а граѓаните истрчаа на улиците.