Небото над градот Норман во американската сојузна држава Оклахома во неделата поради облаците кои ги донесе силната бура изгледаше како таму да експлодирала нуклеарна бомба.
Видео-снимката објавена на социјалните мрежи покажува кумулус облаци кои се движат нагоре, создавајќи илузија на печурка, а сцената можете да ја погледнете ОВДЕ.
Истата шема на облаци во саботата вечерта донесе големи невреме со град во округот Семинол во централна Оклахома. Имало силен град со големина на топче за голф кој ги искршил стаклата на автомобилите и поради што долшло до прекини со струја, но за среќа, потенцијалот за торнада бил мал, објавија синоптичарите.
До недела попладне, главната локација за развој на силна бура се преселила во јужниот дел на Оклахома, во близина на Тексас.