ВИДЕО | Сите зборуваат за ‘чудовиштето’ од ураганот што ја погоди Анкара, како молња се шири снимка од небото над главниот град на Турција: “Кутри луѓе…“

Главниот град на Турција, Анкара, во средата беше погодена од силен ураган, кој уништи голем дел од градската инфраструктура. Уништени се покриви и згради, а еден запрепастен граѓанин снимил вирално видео кое навистина го покажува целосниот размер на катастрофата. На небото над Анкара во еден момент имало и – кауч!

Како што пренесуваат тамошните медиуми, брзината на ветерот изнесувала и до 145 километри на час. На терен имало дури 1.221 возило на градската служба и 2.565 вработени – кои континуирано интервенирале во последиците од разорниот ураган. Како што соопшти градоначалникот на Анкара, отворена е и специјална линија.

Летечкиот кауч“, се разбира, не можеше да ги избегне бројните корисници на социјалната мреѓа Твитер кои веднаш коментираа.

Ова често не се случува!“, зачудено напишал еден корисник под видеото. „Кутри луѓе…“ додал друг. „Дали е тоа птица, дали е тоа авион – не, тоа е кауч!“ се пошегувал трет корисник на социјалната мрежа.

Засега не е познато дали има повредени, а штетата од ураганот се уште се пресметува.

АнкараневремеТурција