ВИДЕО | СИТУАЦИЈАТА ВО ГРЦИЈА СТАНУВА АЛАРМАНТНА – Пожарот голта се пред себе, а граѓаните добија итно предупредување – погледнете ги драматичните снимки!

Шумскиот пожар што гори веќе втор ден во областа Дервенорија, северно од Атина, се засили, соопштија властите, додека пожарникарите успеаја да ги стават под контрола другите пожари југоисточно и западно од грчката престолнина.

Пожарот во областа Дервенорија, на околу 30 километри северно од Атина, не е под контрола, соопшти денес претставник на противпожарната служба, пренесуваат грчките медиуми.

Најтешка е состојбата на овој простор, каде непристапниот терен со засилен ветер и екстремните временски услови кои се очекуваат и денес, не дозволуваат ограничување на фронтот, бидејќи станува збор за густа шума која го поттикнува ширењето на пожарот, според информациите од грчките медиуми.

Во Дервенорија во моментов нема загрозени населени места, но жителите добиле предупредување бидејќи целата област е опкружена со облак чад, потврдил градоначалникот на Танагра, Василис Пергалијас.

Пожар се заканува да ја загрози свињарската фарма, јавуваат грчките медиуми.

Грција

Уште еден пожар ослабе денес откако избувна во понеделникот во селото Куварас во Атика, јавува медиумската агенција Reuters.

Полицијата претходно уапси маж осомничен за подметнување пожар во Куварас, околу 27 километри југоисточно од грчката престолнина.

Подгреан од променливите ветрови, пожарот брзо се прошири во крајбрежните градови Анависос, Лагониси и Саронида, принудувајќи ги луѓето да ги напуштат своите домови.

Околу 230 пожарникари со помош на 76 противпожарни возила и пет хеликоптери се уште работат на различни места во областа“, изјави денеска претставник на грчката противпожарна служба, пренесе Reuters.

Дебел слој бел чад е видлив од Атина, додека трет пожар гори во близина на приморското одморалиште Лутраки, на околу 80 километри западно од главниот град.

Во Лутраки, западно од Атина, каде што претходно беа евакуирани 1.200 деца бидејќи пожарот се приближи до нивниот камп, се верува дека ситуацијата е подобра, но огнот повторно заживеа во областа покриена со борови дрвја, а пожарникарите таму се борат да го спречат пожарот да се прошири во населбите.

Грција

Пожарите го загрозија сообраќајот во некои области, а полицијата беше принудена да затвори делови од националниот автопат Атина-Коринт. Во прекин се и одредени линии на железничкиот сообраќај.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој во моментов е во Брисел на работна поосета, изјави дека земјата прави се што е можно да помогне.

Според прогнозите, силниот топлотен бран што го зафати регионот не покажува знаци на стивнување, а грчката метеоролошка служба предупреди дека ризикот од нови пожари останува висок.

Грцијапожар