ВИДЕО | СЕ’ ЗА ПУСТИ ПАРИ! Луд потег на манијакален јутјубер – урнал авион за да си ја зголеми популарноста: “Ова е навистина страшно…“

Јутјуберот кој намерно урна мал авион за да добие популарност, ќе се товари како виновен за попречување на федералната истрага по чистењето на местото на несреќата и отстранувањето на остатоците, тврдат американските обвинители, објавува BBC.

Тревор Џејкоб (29 г.) објави видео од „авионската несреќа“ на Јутјуб во декември 2021 година и кажа дека тоа всушност не е несреќа, а видеото оттогаш е прегледано повеќе од 2,9 милиони пати.

Подоцна тој признал дека видеото го направил како дел од спонзорски договор. За своето дело може да добие и до 20 години затвор.

29-годишниот пилот и падобранец се согласил да се изјасни за виновен по кривичните дела за уништување докази и прикривање за да се попречи федералната истрага“, објави Министерството за правда на САД.

Во ноември 2021 година, Тревор Џејкоб полетал од аеродромот „Санта Барбара“ во Калифорнија со камери поставени на неговиот авион, а со ссебе понел само падобран и селфи стап.

Тој всушност никогаш немал намера да стигне до својата дестинација, наместо тоа тој планирал да се фрли од авионот на сред лет и да се сними како скока со падобран на земјата, намерно дозволувајќи да се урне авионот, пишуваат американските медиуми.

Авионот се урнал во Националниот парк „Лос Падрес“ 35 минути по полетувањето. Тревор Џејкоб подоцна отишол на местото на несреќата и ги снимал остатоците од срушениот авион.

Некои гледачи на Јутјуб се посомневале дека авионската несреќа е намерна, бидејќи забележале дека Тревор Џејкоб носи падобран и не се ни обидел безбедно да го приземји авионот.

Тревор Џејкоб треба да се појави на суд во наредните недели, а минатата година му била одземена пилотската дозвола.

Адвокатот на Тревор Џејкоб одбил да го коментира случајот за американските медиуми.

авионска несреќаЈутјубСАД