Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Бил Клинтон, беше во Сан Мигел де Аљенде, град во централната мексиканска држава Гуанахуато, неколку часа пред јавноста да дознае за контроверзната листа на посетители на островот на милионерот-педофил Џефри Епштајн.
Новинарите му поставија прашање за односот со милијардерот, а реакцијата на Бил Клинтон го шокираше светот.
Имено, 77-годишниот поранешен претседател на САД безгрижно се шетал низ градот, пиел кафе и се поздравувал со минувачите.
Неколку часа пред контроверзната листа да излезе во јавноста, Бил Клинтон бил прашан од новинарите што мисли за обвинувањата дека е поврзан со Џефри Епштајн, со оглед на тоа дека неговата врска со Џефри Епштајн долго се шпекулираше во јавноста.
Кога му го поставија прашањето, Бил Клинтон ја крена главата и со широка, навидум иронична насмевка која заинтригира многумина, кажа дека мисли дека – „доказите се јасни“.
Поранешниот претседател на САД продолжи со насмевка да потпишува автограми и го игнорираше претходното прашање.
Ова видео предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.