Сезар Олалде (18 г.) од Тексас, САД, е обвинет дека си ги убил родителите, сестрата и братот (5 г.), кои брутално ги малтертирал бидејќи мислел дека се канибали и планирал да ги изеде.
18-годишното момче е осомничено дека со огнено оружје пукал во членовите на неговото семејство, а потоа ги влечел нивните тела во бањата во нивниот дом во Неш, Тексас, пишува Daily Mail.
Откако се забарикадирал на имотот, полицајците морале да испратат преговарач за да го натераат да се предаде.
Злосторството го пријавил Џозеф Флајдер, колега на убиената сестра Лизбет, кој застанал кај нивната куќа да провери дали е се во ред со неа, бидејќи не се појавила на работа.
Џозеф Флајдер на полицијата и рекол дека кога тој и неговата сопруга отишле во домот на семејството Олалде, никој не се јавил на вратата, а на местото на настанот пристигнал уште еден член од семејството, Дијана, постарата сестра на убиената мајка.
Тие потоа решиле насилно да влезат во куќата, за да проверат дали е се во ред, а токму тогаш го пронашле бесниот Цезар како мавта со огнено оружје. Откако ја извел сопругата надвор од куќата, човекот тврди дека момчето рекло дека – „го убил неговото семејство затоа што биле канибали и планирале да го изедат“. Човекот, кој практично станал сведок, изјавил дека момчето неколку пати му вперил огнено оружје, а потоа и нож.
Џозеф Флајдер успеал да избега пред момчето да биде приведено откако полицајците пристигнале на местото на настанот и го опколиле домот.
Властите соопштиле дека ја пронашле секоја од жртвите во бањата и дека секоја била застрелана.
Инспекторите кажале дека се чини дека жртвите биле застрелани во други простории од домот, а потоа одвлечени во бањата. Полицијата опишала дека има траги од „прскање крв и повеќе чаури на подот“.