Возач го загуби животот во Молдавија кога возилото што го управувал излетало од патот и удрило во дрво
Обилните снежни врнежи и снежните виулици во Романија и Молдавија однесоа еден живот со себе. Многу патишта останаа затворени за сообраќај, а голем број населени места останаа без електрична енергија, соопштија денеска локалните власти.
Еден човек загина денеска во Молдавија кога неговото возило излетало од патот и удрило во дрво, се наведува во соопштението на локалната полиција, додавајќи дека до пладне се пријавени шест сообраќајни несреќи.
Во соседна Романија, вонредни временски предупредувања се издадени во источните области Констанца, Тулчеа, Галати и Браила, каде се очекува ветровите да достигнат брзина и до 100 километри на час, соопшти Националната метеоролошка управа, јавуваат агенциите.
Службите за итни случаи соопштија дека магистралните и локалните патишта во сите четири окрузи денеска се затворени.
Најмалку 69 населени места останаа без струја во окрузите Констанц и Браила.