Манекенката Кендал Џенер се прошета во Париз, каде и што е снимено видеото во кое може да се види мало девојче со нејзината мајка како проси на улица зад неа. Видеото предизвика бројни коментари и растажи многумина поради „двете страни“ на животот што ги прикажува.
На едната страна е Кендал Џенер, која живее во вистински луксуз кој се забележува на секој чекор, каде и да се појави. Од другата страна се едно преслатко девојче и нејзината мајка кои живеат на работ на постоењето. Многумина го забележаа начинот на кој модната ѕвезда гледа на детето, а некои ја критикуваа што не застанала да им даде пари и да им помогне.
„Ова е реалноста на светот во кој живееме“, „Две страни на животот“, „Чуден свет“, „Видеото ме растажи“, „Посакувам богатите да обрнат внимание на оние на кои навистина им е потребна помош“, гласат коментарите на социјалната мрежа Тик Ток, каде што е објавено видеото.