Во мистериозно видео кое кружи на социјалните мрежи, може да се видат две огромни суштества слични на човек како шетаат во подножјето на мал бразилски остров. Многумина мислат дека ова е доказ дека вонземјаните ја посетуваат Земјата, пишува NY Post.
Мистериозни фигури стоеле на врвот на ридот. И двете појави неприродно мрдаат со раце, а на Интернет се појавија бројни коментари.
„Погледнете како се движат, навистина чудно“ беше само еден од бројните коментари оставени под видео-снимката.
Не е потврдено дали станува збор за туристи или посетители од друга галаксија, а видеото се уште останува мистерија и плодна почва за теоричарите на заговор.