Во најавата за интервју со Лери Синклер, човек кој тврди дека имал афера со поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, и дека консумирал дрога со него, поранешниот познат водител на Fox News, Такер Карлсон, по долги години објавува непотврдени компромитирачки наводи за поранешен претседател на САД.
Најавата што Такер Карлсон ја објави на социјалната мрежа Х (Твитер) брзо собра милиони прегледи, а видео-снимката Лери Синклер споменува дека американските медиуми за време на претседателската кампања на Барак Обама во 2008 година не сакале да ја слушнат оваа приказна.
Новиот гостин на поранешната ѕвезда на Fox News, кој почна да ги емитува своите емисии на Х (Твитер) откако беше отпуштен од американската телевизија, на водителот му кажа дека во ноември 1999 година во еден бар во Чикаго се сретнал со поранешниот прв човек на Белата куќа.
Тој истакнува дека тогаш не знаел оти Барак Обама бил политичар, а потоа и сенатор во сојузната држава Илиноис. Тој вели дека во тоа време два пати спиел со Барак Обама и дека заедно користеле кокаин, кој според неговите тврдења истиот го набавил поранешниот американски претседател.
Но, оваа приказна не е „од вчера“. Лери Синклер пред 15 години нашироко во јавноста проговори за неговата наводна врска со Барак Обама, кој е во брак со Мишел Обама од 1992 година, со која има две ќерки.
Во 2008 година, истата година кога Барак Обама победи на претседателските избори, пишувајќи историја како прв афроамерикански претседател на САД, Лери Синклер детално зборуваше на оваа тема од говорницата на Националниот прес-клуб. Тој објави и книга во која напиша дека поранешниот претседател имал афера со директорот во неговата црква, кој бил убиен во декември 2007 година.
Сите овие наводи никогаш не биле официјално потврдени, иако Такер Карлсон вели дека Лери Синклер потпишал заклетва и го поминал тестот за детектор на лаги. Покрај тоа, Лери Синклер не може да се пофали со добра биографија, со оглед на тоа што бил затворен во 80-тите години за фалсификување финансиски документи.
Поранешниот американски претседател во писмото упатено до неговата поранешна девојка пред 40 години напишал дека – „води љубов со мажи секој ден, но во својата имагинација“, објави неодамна весникот New York Post. Барак Обама и го напишал ова на една девојка кога имал 21 година, според преработениот дел од писмото од 1982 година до кој дошол американскиот весник. Писмото старо повеќе од 40 години се појави откако биографот на Барак Обама, Дејвид Гароу, даде долго интервју за поранешниот домаќин на Белата куќа.