ВИДЕО | Срамна сцена го обиколи светот на фудбалот: Силно испровоцираниот Кристијано Роналдо предизвика револт со одвратен потег

Ал Хилал го победи Ал Наср со 2:0 во подготвителниот куп во Ријад. Тимот во сини дресови поведе во 17. минута преку Сергеј Милинковиќ-Савиќ, а конечниот резултат го постигна Салем Ал Даусари во 30. минута со прекрасен гол.

За високите тензии од натпреварот и инцидентот во режија на Марсело Брозовиќ веќе објавивме, а Кристијано Роналдо покажа дека не бил единствениот допрен. На видеото кое се појави по натпреварот, Португалецот додека се упатувал кон соблекувалната, земал еден од дресовите на противникот кој му го фрлил ривалски навивач, си го избришал половиот орган со него и го фрлил назад.

Тоа е одвратен потег на 39-годишниот Кристијано Роналдо, кој уште еднаш подлегна на евтините провокации на навивачите и беше целосно надвор од такт, а Кристијано Роналдо со овој потег ја згрози тамошната јавност.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ мина низ веќе стандардниот третман за време на натпреварот, а од трибините често се слушаше скандирање на името на неговиот главен ривал Лионел Меси. Ова е практика која противничките навивачи редовно ја спроведуваат на натпреварите против Кристијано Роналдо, а леснотијата со која може да се испровоцира напаѓачот на Ал Наср функционира само во нивни раце.

Ал НасрАл ХилалКристијано Роналдофудбал