Министерството за надворешни работи на Србија упати протестна нота до Амбасадата на Албанија во Белград, со која најостро го осудува неприфатливиот чин на палење на српското знаме на централниот градски плоштад „Скендербег“ во Тирана.
„Сметаме дека ваквите настани им штетат на билатералните односи на двете земји, кои во изминатите неколку години го достигнаа највисокото ниво во нивната повеќевековна заедничка историја“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Србија.
Се додава дека во овој дух, Министерството за надворешни работи на Србија очекува дека надлежните институции на Албанија ќе направат се што е во нивна моќ за откривање и кривично гонење на сторителите на тој грозоморен чин, кои се јасно видливи на објавеното видео, како и дека ќе ги информираат за тоа преку дипломатски канали во разумен рок институции на Србија.
Видео-снимката од палењето на српското знаме можете да ја погледнете ТУКА.