Единаесет патници се повредени откако на авионски лет за Манчестер доживеале „чудни турбуленции“ на пат од Барбадос.
По патувањето со крстарење по Карибите организирано од туристичката агенција „P&O“, околу 225 луѓе се каличе на летот во неделата. Турбуленциите започнале два часа по полетувањето, па авионот бил пренасочен кон Бермудите, пишува BBC.
Веднаш штом авионот слетал, докторска помош добиле 11 патници со полесни повреди. Патниците требало да се вратат дома за Божиќ.
Поради работното време на аеродромот и недостатокот на летови, патниците биле сместени во хотелите на Бермуди за време на одморот.
„Поради чудни и неочекувани турбуленции, летот за Манчестер во неделата наутро од Барбадос беше пренасочен кон Бермуди. Жал ни е за овие проблеми при патувањето, континуирано комунициравме со авиокомпанијата и хотелите за да се грижиме за гостите и да се погрижиме да се вратат дома што е можно поскоро“, заклучила портпаролката на туристичката-агенција.