Камикази дрон на украинските вооружени сили наводно уништил група руски инженери во областа Брјанска, Русија.
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како група војници формираат одбранбени линии со помош на ровокопачи недалеку од границата со Украина.
Сепак, дронот наеднаш паѓа и удира во машината.
Во видеото се наведува дека глетката е снимена во близина на населбата Локот во гореспоменатата област. Засега не се знае точно кога е направено видеото.
Според Киев, украинските сили постепено ги потиснуваат руските војници на неколку фронтови и ја ослободуваат нивната територија, но не е прецизирано до каде напредувала Армијата.
Припадниците на вооружените сили на Украина наводно ги напаѓаат руските позиции на јужното и северното крило и постигнуваат голем успех кај Бахмут.