Семејство на 6-годишно момче кое паднало од зиплајн т.е. жица во забавен парк во Мексико, одлучило да го тужи операторот на возењето поради неисправна ременка.
Родителите на момчето објавија на социјалната мрежа Фејсбук и рекоа дека инцидентот се случил минатата недела во забавен парк лоциран во државата Нуево Леон.
Според нив, на момчето му пукнал појасот за време на возењето додека бил на зиплајн, по што паднал во вештачки базен од висина од 12 метри.
Во меѓувреме на социјалните мрежи почна да кружи видео на кое се гледа како момче вози зиплајн, а потоа во еден момент застанува и паѓа од височина.
Турист кој бил во близина на базенот веднаш скокнал во водата и го извлекол детето од водата, пишува NY Post.
По падот момчето се здобило со полесни повреди и се опоравува на домашно лекување.
Неговите родители решиле да го тужат забавниот парк, тврдејќи дека персоналот кој управува со зиплајнот не бил соодветно обучен.
По инцидентот, полицијата забрани возење по неколку атракции во споменатиот парк до завршување на истрагата.