На аеродромот во Тексас, САД, помал авион и ја промашил пистата за време на слетувањето, се лизнал и удрил во автомобил што минувал по блискиот пат, јавува BBC.
Случајно на местото на несреќата се нашол минувач по име Џек Шнајдер, кој снимил видео како авионот минува низ оградата при итното слетување.
„Го видов авионот како брзо се спушта и знаев дека нема да има време да застане“, изјавил Џек Шнајдер за локалната телевизија WFAA-TV и додал: „Очигледно беше дека оди пребрзо. Од гумите излегуваше чад!“.
Возачот на автомобилот се здобил со полесни повреди и е пренесен во болница, додека двете лица во авионот не се повредени, пренесуваат американските медиуми.
Видео-снимката од страшната несреќа можете да ја погледнете ОВДЕ.