ВИДЕО | СТРАШНА СМРТ – Камерите ги снимиле последните моменти од животот на една несреќна жена: Таа направила фатална грешка во лифтот, а потоа…

Аисија Синта Деви (38 г.) го загубила животот на аеродром во Индонезија откако насилно отворила погрешна врата од лифтот и паднала во провалија.

Жената се качила со лифтот на вториот кат додека била на пат да ја пречека својата внука во местото за пријавување на аеродромот „Kualanamu“ во Медан на 24. април. Влегла во лифтот на аеродромот пишувајќи на мобилниот телефон, а потоа останала збунета бидејќи вратата во која влегла не се отворила кога лифтот застанал.

Незнаејќи и незабележувајќи дека зад неа се отворила друга врата, таа почнала избезумено да ги притиска копчињата за итни случаи додека се обидувала насилно да ги отвори вратите на лифтот.

Потоа, наводно и се јавила на нејзината внука да и каже дека е заробена додека продолжила да ја турка затворената врата. Набрзо се отвориле вратите и жената излегла и паднала низ отворот.

Семејството на жената побарало од персоналот на аеродромот да ја бара откако изгубиле контакт со неа, но не можеле да ја најдат на терминалот на аеродромот.

Таа била пронајдена дури три дена подоцна, кога почнала да се шири смрдеа од областа во близина на лифтот и персоналот бил повикан да го испита теренот.

Телото било пронајдено заробено на дното на шахтата и извлечено по петчасовна операција, а нејзините останки биле испратени во болница на обдукција.

Братот на жртвата, Раџа Хасибуан, кажал дека причината за смртта е „лошата безбедност на лифтот“ и дека не верува дека неговата сестра е виновна.

Баравме видео од лифтот бидејќи изгубивме контакт со неа таму. Ова е аеродром на меѓународно ниво. Какви се овие безбедносни стандарди ? И одговорот на персоналот беше многу, многу незадоволителен“, рекол тој.

аеродромИндонезијасмрт