Неколку лица се повредени денеска во Арлингтон, САД, кога неименувано лице излегло со камион на автопат и намерно удрило во возила, отворајќи си пат да избега.
Хоророт се случил околу 15:30 часот по локално време.
Осомничениот потоа, наводно, излегол од камионот и киднапирал амбулантно возило, кое потоа го користел за да направи пустош по патиштата.
Според американските медиуми, околу 16:15 часот осомничениот со возило на брза помош удрил во неколку возила на обиколницата.
Напаѓачот е уапсен, а засега не е познато што им претходело на овие драматични сцени.