ВИДЕО | Страшна снимка од врсничко насилство во училиште ја шокираше Србија: И се заканувала на другарката, па ја турнала по скали – трето девојче снимило се и објавило на Интернет

Нов грозоморен случај на насилство во основно училиште во Мириево ја потресе соседна Србија, медиумите јавуваат дека настанот е пријавен, а учесниците ќе бидат казнети.

На социјалните мрежи се појави ново видео од врсничко насилство од соседна Србија, овој пат во основното училиште „Павле Савиќ“ во Мириево. На видеото може да се види мало девојче, кое стои пред група други поголеми девојчиња, а на почетокот на видеото и вели: „Навистина мислиш дека не можам да го направам тоа ?“. Мачното малтретирање и понижување штотуку започнува таму, пред бројните ученици, бидејќи сè се случува во училишниот ходник за време на одмор.

После тоа, таа следи друга девојка, во еден момент грубо ја запира и и вели „Ајде стоп“. Ја турка уште неколку пати додека ја следи низ ходникот. Вознемирената девојка, која постојано се обидувала да се оттргне од насилничката, оди до скалите, а кога почнува да се спушта, девојката ја турка. Сето тоа е придружено со смеа на личноста која сето тоа го снима.

ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА!

Директорот на училиштето, Милан Крстиќ за српските медиуми изјавил дека се запознаени со случајот и дека во присуство на одделенскиот раководител имале разговор со родителите на двете девојчиња.

За случајот дознал вчера, кога и се случил. Девојката која била малтретирана им кажала на родителите што се случило, а тие потоа отишле кај одговорните на училиштето. По нивното пристигнување, според директорот, тој ја повикал класната раководителка и потоа разговарале со децата и родителите.

Двете девојчиња се шесто одделение, од исто одделение. На разговор биле повикани и родителите на девојчето кое снимало. На прашањето зошто го снимила целиот случај, наместо да помогне, таа одбила да одговори.

На прашањето дали ќе има одредени санкции, директорот нагласил дека ќе има, дека предметот е во процедура и дека ќе има зголемена воспитно-образовна работа. За која санкција станува збор зависи од оценката на училишниот тим против малтретирање, јавуваат српските медиуми.

децаМириевонасилствоСрбијаучичиште