Десетици згради се уништени, илјадници без струја и издадено е предупредување за цунами во четири земји како резултат на земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот ја погоди Јапонија.
Земјотресот испрати бранови високи околу еден метар долж брегот и властите предупредуваат дека може да следат и поголеми. Јапонската метеоролошка агенција издаде посебно предупредување до префектурите Ишикава, Ниигата и Тојама.
Првично беше издадено големо предупредување за цунами за Ишикава, прво по земјотресот во 2011 година, но предупредувањето подоцна беше ублажено.
Покрај Јапонија, предупредувања беа издадени и во соседните Кореи и Русија.
Јапонската метеоролошка агенција предупреди дека силна сеизмичка активност ќе се почувствува во наредната недела, кога земјата повторно би можел да ја погоди земјотрес со јачина од 7 степени.
На социјалните мрежи се шират снимки од земјотресот. На едно видео снимено во ресторан или куглана, можете да видите како се тресе, а се слуша силен шум. Луѓето кои се нашле во просторијата се сокриле под масите.