Натпревар во борење за средношколци во САД добил сосема погрешен тек кога млад човек го нападнал противникот откако загубил.
Турнирот за средношколски борачи во САД одел според вообичаеното се додека Хафид Алисеа не бил поразен од Купер Кордер.
По завршувањето на борбата, Хафид Алисеа му се доближил на ривалот да се поздрави со него, Купер Кордер му подал рака, но потоа следел вистински шок за сите присутни во салата. Бесен од поразот, младиот човек наеднаш полудел и го удрил противникот во глава. Во таа прилика му го скршил носот на Купер Кордер, а против него е поднесена кривична пријава за нападот.
Во своја одбрана тој признал дека причината за овој инцидент е тоа што бил лут бидејќи го загубил натпреварот.
Чал Сонен, познатиот ММА борец, ја коментираше видео-снимката од ударот, која на социјалните мрежи ја погледнале повеќе од милион луѓе.
„Ова е страшен момент, но и момент кој може да послужи како поука. Се надевам дека момчето нема да добие голема казна за ова“, искоментирал тој.
Што се однесува до Купер, неговиот тренер изјавил дека се вратил на тренинзите неколку дена по скршениот нос.