Спасител на базен во Австрија се соочува со голема јавна осуда откако буквално турнал млад човек од нуркачка даска висока десет метри.
Инцидентот што се случи на 13. август на општинскиот базен „Штајер“ во Австрија, стана вирален на социјалните мрежи и веднаш ја шокираше австриската јавност. Поради самиот бизарен и опасен чин, покрената е истрага.
Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува како млад човек се држи за оградата на даска за нуркање, додека спасувач го клоца во грб, а човекот потоа паѓа од нуркачката кула висока 10 метри, пренесува OÖNachrichten.
Погледнете го видеото ОВДЕ.
Во меѓувреме, спасувачот бил испрашуван, а тој јавно се извинил и рекол дека му е јасно дека неговите постапки биле погрешни. Какви санкции го очекуваат треба да стане појасно во наредните денови, а се уште не е целосно јасно што му претходело на бизарниот инцидент.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, изјавите на сведоците се контрадикторни, а според некои информации, младиот човек предолго стоел на тоа место бидејќи се плашел да скокне. По неколку моменти му пришол спасувач и го турнал од нуркачката даска висока 10 метри.