Стјуардеса по име Сиера објави видео на својот профил на социјалната мрежа Тик Ток и откри некои од нејзините најдобри совети за патување, трикови и тајни што ги научила додека работела во авиоиндустријата и на своите следбеници им кажа каде треба да седат ако сакаат бесплатна надградба.
„Оние кои седат во последниот ред имаат поголеми шанси да бидат надградени во прва класа, а еве зошто – едно нешто што авиокомпаниите не сакаат да го знаете е дека на повеќето летови луѓето се преместуваат поради тежина и рамнотежа. Како што е кажано, ако сакате да летате во прва класа без да платите за тоа, препорачувам да изберете да седите во задниот ред“, открива таа во своето видео кое стана апсолутен хит.
„Кога ги преместуваме луѓето докрај напред, тоа не е само затоа што сме љубезни, туку нормално е дека ако летот ни е полн, мораме да ги движиме луѓето поради тежината и рамнотежата“, вели оваа стјуардеса.
Ова се должи на тоа што во зависност од бројот на луѓе во авионот, опашката на авионот станува тешка и стјуардесите можеби ќе треба да ги преместат патниците што седат назад кон напред.