Еден од клучните детали од натпреварот помеѓу Партизан и Црвена Ѕвезда е секако тројката која ја постигна Алекса Аврамовиќ за 83:80, „Црно-белите“ потоа поведоа и повеќе не оставија ништо на случајност.
Секако, сето тоа беше проследено со ерупција од трибините, а еден од оние кои скокнаа е и синот на Новак Ѓоковиќ, Стефан.
Тројката ја поздрави и самиот Новак Ѓоковиќ, иако голем обожавател на Црвена Ѕвезда, но пријател и некој што го цени Алекса Аврамовиќ.
Погледнете го тој момент од вечното дерби ОВДЕ.