ВИДЕО | Телевизиската водителка голтнала мува сред програма: „Не ни трепна, вистински професионалец“

Корисниците на социјалните мрежи се восхитуваат на нејзината способност да остане фокусирана

Ванеса Велч , новинарка и водителка на ТВ станицата Бостон 25 вести, се најде во очите на јавноста по необичен инцидент.

Читала вести кога досадна мува слета на нејзините трепки. Миг подоцна летнала право во устата на жената! Сепак, Ванеса не се збуни, туку продолжи со програмата.

Водителката направила гримаса – можеби голтнала мува, но ја задржала присебноста и ги читала вестите, пренесува New York Post.

Корисниците на социјалните мрежи се восхитуваат на нејзината способност да остане фокусирана за време на програмата „во живо“.

Треба да и се зголеми платата, не ни трепна“, напиша еден, а друг продолжи: „Врвен професионализам“.

Некои гледачи (видеото има повеќе од 250.000 лајкови) веруваат дека Ванеса не голтнала мува, туку дека се работи за вештачка трепка .

„Изгледа како да се откачила додека работела“, гласи еден коментар.