ВИДЕО | Тешко ќе ви биде да поверувате, но Снуп Дог еднаш бил ‘срамно’ поразен: Познатиот рапер открива кој пуши повеќе марихуана од него во една вечер – неговиот одговор е хит на Интернет!

Искуствата со пушење џоинт (марихуана) на Снуп Дог се исто легендарни како и неговата музика. Слободно може да се каже кога станува збор за марихуаната, нема многу поединци кои можат да го „држат темпото“ како раперот. Не е тајна дека раперот сака да пали џоинт многу често, а има и професионален човек вработен за тревата за кој неодамна откри дека добил покачување на платата, пренесува Mirror.

Меѓутоа, за време на гостувањето во шоуто на Том БрејдиЛери Фицџералд и Џим Греј, Снуп Дог откри дека легендата на кантри музиката Вили Нелсон го надминала. Том Брејди го испрашувал раперот за тоа кога се чуствувал најнадуван во животот, предизвикувајќи луда приказна.

Со Вили Нелсон“, одговори тој и објаснил: „Бевме во Амстердам на 20. април и тој одржа концерт таму. Така се вративме во неговата хотелска соба и игравме домино. Јас и тој игравме домино еден на еден. Почна да ме тепа, а јас само се издигнував“.

Бидејќи домаќините на шоуто не можеа да ја задржат смеата, Снуп Дог продолжил да објаснува: „Се обидувам да престанам, но не можам, бидејќи не сакам да покажам знаци на слабост. 15 минути по сесијата реков: Вили, ајде да одиме да земеме нешто да јадеме. Одиме во KFC и јадеме во задниот дел од комбето, а кога го донесоа пилешкото, јас и Вили во исто време ги ставивме рацете во кофата. Го зедовме истото парче пилешко, го погледнав Вили и му реков: Твое е момче

За потсетување, Снуп Дог започна сопствен бизнис со канабис во 2015 година, претставувајќи го Leafs By Snoop на светот. 

марихуанаСнуп Дог