Миломир Мариќ, главниот уредник на Happy TV, една од најгледаните српски телевизиски станици позната по својата „валкана“ содржина, емисии со воени злосторници и криминалци, како и вести кои ретко ја прикажуваат актуелната власт критички, беше домаќин на претседателот на Србија, Александар Вучиќ во неговата емисија.
Меѓу другото, тој се осврна на интервјуто на Александар Вучиќ за телевизијата CNN со новинарката Кристијане Аманпур.
„Ослабевте два килограми за време на интервјуто на CNN“, му кажал Миломир Мариќ на Александар Вучиќ.
Да потсетиме, Александар Вучиќ пред два дена даде интервју за CNN, при што Кристијане Аманпур го праша за бројни теми: настаните во Бањска, косовското прашање, Новак Ѓоковиќ, БиХ и други, а на Александар Вучиќ на моменти во интервјуто му беше очигледно непријатно.
Како одговор на коментарот на Миломир Мариќ дека изгубил два килограми за време на тоа интервју, Александар Вучиќ рекол:
„Можеби е претерано, но килограм сигурно и тоа е логично и добро бидејќи сум дебел…“, изјавил Александар Вучиќ.
„Тоа беше страшен стрес, беше како судница и вие успеавте…“, рекол Миломир Мариќ.
„За ова е потребна огромна концентрација, како пилот кога ќе влезе во Формула 1…“, рекол Александар Вучиќ.
Интервјуто на Миломир Мариќ со Александар Вучиќ можете да го погледнете ОВДЕ.