(ВИДЕО) Том Круз виси од хеликоптер! Тој има 62 години и снима се без каскадер

Том Круз, легендарниот актер, никогаш во кариерата не користел каскадер, дури ни во неговиот последен филм „Mission: Impossible – The Final Reckoning“.

Иако има 62 години, Том Круз повторно изведе спектакуларна акциона сцена во која виси од хеликоптер. Овој филм е продолжение на „Mission: Impossible – Dead Reckoning Part One“ и е осмиот дел од серијата.

Режисер на филмот е Кристофер Мекквари, а покрај Круз, во филмот се враќаат и познатите актери како Хејли Атвел, Винг Рејмс, Симон Пејџ и многу други.

Снимањето започна во март 2022 година, а снимањето се одвиваше во ОК, Малта, Јужна Африка и Норвешка. Поради штрајк на актерите, продукцијата беше прекината, но снимањето продолжи во март 2024 година.

Со буџет од 400 милиони долари, „The Final Reckoning“ ќе биде еден од најскапите филмови на сите времиња. Премиерата на филмот е закажана на 23 мај 2025 година.