Пред почетокот колумбиското фудбалско дерби – „Classico“, помеѓу екипите Атлетико Национал и Америка де Кали, фудбалот падна во втор план, а бруталните сцени од голема тепачка меѓу навивачите и полицијата го обиколија светот.
Најмалку 89 лица се повредени во ужасните сцени од Меделин. Навивачите најпрво гаѓале со разни предмети кон полицијата, а потоа успеале ја пробиле заштитната ограда и влегле во крвава пресметка со полицијата, а меѓу повредените наводно има и 30 полицајци.
Причина за конфликтот наводно бил односот од управата на екипата Атлетико Насионал кон навивачите, а се шпекулира дека нередите биле претходно планирани, а натпреварот на крајот бил одложен поради хаосот на теренот и на трибините.
Така, според пишувањата на весникот El Paisa, се проширила аудио снимка на која се слуша како човек вели: „Ќе започнеме војна против екипата и раководството“, а се шпекулира дека овие немири се токму поврзани со таа реченица. Атлетико Национал моментално е на осмото место од табелата, додека Америка де Кали е на петтото место.