ВИДЕО | Тој беше најсуровиот ММА борец – ‘кралот на Октагон’, а денес гние зад решетки: Лежи робија поради најголемата кражба во историјата, а еве каде беше ‘уловен’!

Ли Мареј ќе остане запаметен како најбруталниот ММА борец за кој веројатно никогаш не сте слушнале.

Моментално овој борец е во затвор и таму ќе остане долги години, а сето тоа поради грабежот што го извршил во кој биле украдени 53.000.000 фунти!

Ли Мареј како борец го добил прекарот „Гром“, тој сега има 45 години, а грабежот за кој бил затворен го извршил во 2006 година. Тој составил тим кој успешно ограбил банка во Англија, а потоа побегнал. Сепак, сите биле фатени, а Мареј „паднал“ додека се криел во Мароко.

По извршувањето на најголемиот грабеж во историјата на Велика Британија, бандата на Ли Мареј била осудени на долги затворски казни, при што борецот првично бил осуден на 10-годишна казна пред да се обиде да избега во 2009 година, по што казната му била продолжена на 25 години.

Што се однесува до неговите боречки вештини, неговата статистика е следна – осум победи, два порази, едно реми и еден дуел во кој не беше прогласен победник.

Сепак, повеќе од сите официјални борби, тој е запаметен по тоа што во 2002 година, на улица во Лондон брутално го нокаутираше еден од најсилните ММА борци од таа ера, Тито Ортиз.

банкаВелика БританијакражбаЛи МарејММА