Мал авион се урна во хангар на аеродром во близина на Варшава, Полска, при што загинаа најмалку пет лица.
Министерот за здравство на Полска, Адам Ниџелски, потврди дека воздушната несреќа се случила на аеродромот во Кричин.
„Имаме најмалку седум повредени и пет мртви“, напиша Адам Ниџелски во објава на социјалната мрежа Твитер.
Адам Ниџелски додаде дека на местото на несреќата излегле четири хеликоптери и 10 возила на итната помош.
„Болниците во Варшава се подготвени или веќе примаат пациенти“, додава тој.
Моника Новаковска-Бринда од седиштето на Државната противпожарна служба соопшти за тамошните медиуми дека при слетување во лоши временски услови, авионот удрил во хангарот каде се засолниле 10 лица.
Несреќата се случила во полскиот град Крчино.
Моника Новаковска-Бринда извести дека жртвите се претежно лица кои се засолниле во хангарот од лошите временски услови. Таа прецизираше дека во авионот имало тројца пилоти, од кои еден загинал.
Лукас Томашик, медицински директор на Медицинскиот центар во Новодворск, кој учествувал во спасувачката акција, наведува дека две лица се во тешка состојба и се борат за живот.