ВИДЕО | ТРАГЕДИЈА – Хуман човек излегол да помогне на семејство патки да го поминат патот, а неколку секунди подоцна бил мртов – неговите деца биле сведоци на се…

Човек од Калифорнија бил прегазен од автомобил откако неговиот херојски чин помогнал на семејство патки безбедно да го премине прометниот пат.

Еден човек го паркирал својот автомобил на страната на патот за да пренесе мајка патка и нејзините пајчиња преку една прометна раскрсница во Роклин, Калифорнија, пишува Daily Mail.

Тогаш се случила трагедија – во него удрил автомобил управуван од 17-годишна девојка. Тој починал, а неговите беспомошни деца гледале се од паркираниот автомобил. Од полицијата за локалните медиуми велат дека младата возачка целосно соработувала со нив.

Херојскиот чин на овој татко го снимил 12-годишниот Вилијан Вимсат од друг автомобил. Видеото го објави телевизијата KCRA.

Излезе од автомобилот и ги бркаше патките преку патот. Сите му аплаудираа. Им помогна да се искачат од патот до тротоарот, пајчињата имаа малку проблем“, изјавило момчето кое снимало се.

Но, само неколку моменти подоцна, автомобил излетал на патот и го убил овој многу хуман човек.

Се сеќавам на звукот, а потоа го видов како лета над раскрсницата. Неговите чевли беа веднаш пред нашиот автомобил. Тој бил единствениот кој излегол од автомобилот и им помогнал на пајчињата. Тој беше веројатно најхуманиот човек на целата оваа област. Не е фер“, изјавило 12-годишниот Вилијам.

По несреќата, мајката на Вилијам излегла од автомобилот за да ги утеши децата на загинатиот маж. Тие седеле во паркираниот автомобил и за жал ја виделе целата несреќа.

Децата кажаа колку е слатко и убаво од негова страна овој потег, а потоа наеднаш го удри автомобил“, изјавила мајката.

На местото на несреќата е направен привремен споменик на загинатиот. Мештаните таму оставаат цвеќиња, а децата донесоа гумени патки.

КалифорнијаСАДсмрттрагедија