На социјалните мрежи како шумски пожар се шири видео на кое наводно се гледа како доктор и медицинска сестра имаат интимни односи во болница во Перу.
Локалните медиуми јавуваат дека експлицитната глетка е снимена во итната медицинска помош во болницата во градот Пијур на северозапад од земјата.
„Докторот е фатен во интимна врска со медицинска сестра пред пациенти кои чекаат помош“, нашишал авторот на видеото.
Коментарите само продолжуваат да се слеваат под видеото кое е апсолутен хит на социјалните мрежи. Повеќето го осудуваат однесувањето на докторот и медицинскиот персонал.
„Нека одат во хотел“, искоментирал еден корисник додека друг додал: „Отидоа предалеку“.
Засега не се знае точно кога е направена снимката.