ВИДЕО | ТРАГИЧЕН ЕПИЛОГ ВО ГРЦИЈА – Двајца пилоти го загубија животот при пад од противпожарен авион додека воделе битка со оганот

Министерството за одбрана на Грција потврди дека двајца пилоти на грчките воздухопловни сили загинале кога нивниот противпожарен авион се урнал при гаснење на пожар на островот Евија.

Пилотите се идентификувани како 34-годишен командант и неговиот 27-годишен копилот.

Несреќата се случила над градот Каристос, јужно од островот Евија, во близина на Атина, јави грчката телевизја ERT.

На видеото од инцидентот се гледа како авионот паѓа на земја, по што следи голема експлозија. На местото на несреќата е испратен хеликоптер за следење на ситуацијата.

Шумските пожари со денови беснеат низ цела Грција, а опожарената површина на островот Родос достигна 145.000 хектари. Од нив, 2.800 хектари се во четири заштитени подрачја, а дополнителни 13.700 хектари се во рамките на два резервати за диви животни.

Изгореа околу 12.000 хектари во Лутраки, 39.000 во Неос Куварас, 145.000 во Родос, 10.000 во Каристос и 20.000 на Крф.

ГрцијаЕвијанесреќапожартрагедија