ВИДЕО | ТРИ МИНУТИ УЖАС – Посетител на еден од најголемите забавни паркови во светот прв забележал сомнителна пукнатина на ‘возот на смртта’ каде била и неговата ќерка: “Рацете ми се тресеа…“ – погледнете!

‘Возот на смртта’ во забавниот парк во Шарлот, Северна Каролина, веднаш беше затворен во петокот откако луѓето забележале голема пукнатина во еден од столбовите на структурата – додека возењето сè уште се одвивало.

Еден посетител по име Џереми Вагнер, кој во петокот бил во посета на паркот со својата ќерка, син и внука, снимил застрашувачко видео додека траело возењето. На снимката се гледа како столбот накратко се откачува на пукнатината додека возот забрзано се спушта по пругата.

Се обидував да снимам видео и рацете ми се тресеа бидејќи знаев дека ова може да заврши со катастрофа!“, вели овој човек во видеото кое го сподели на социјалните мрежи.

Работите да бидат уште полоши, неговата 14-годишна ќерка била на возење осум пати тој ден.

Инаку, т.н „Fury 325“, познатиот ‘воз на смртта’ и е една од главните атракции на овој парк. Се издига дури 90 метри и е еден од највисоките во светот. Возењето трае приближно три минути, а возот се движи со брзина од 150 километри на час.

забавен паркинцидентСАДШарлот